Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски открива: 53 милиони евра пенали треба да му се платат на Бехтел и Енка до 6 мај

Мицкоски открива: 53 милиони евра пенали треба да му се платат на Бехтел и Енка до 6 мај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека Македонија до 6 мај треба да му плати 53 милиони евра пенали на Бехтел и Енка затоа што до рокот од 22 април не е променет Законот за работни односи за 60 часа работна недела.

Во Париз ќе има арбитража доколку не се плати оваа сума, а ќе се суди според законот на Англија и Велс, односно се  суспендира македонското законодавство.

Според Мицкоски, рокот за плаќање трае 14 дена. Тоа го анализирале луѓе од опозициската партија откако, како што рече Мицкоски, договорот го добиле од свиркач. Извесно е дека Македонија ќе му плаќа на изведувачот и пенали од 1.265.000 евра секој месец до завршување на проектот и 900.000 евра секој месец додека не се промени Законот за работни односи.

- Во делот од договорот има ставки за кои нема цена. Ако треба да се премести некој далновод на МЕПСО, колку ќе чини тоа? Колку ќе чини заштитат од бучава, ја нема еликтрификацијата во сумата, а нема ниту трошок за студиите за животна средина и осветлување. Тоа значи дека проектот нема да чини 1,3 милијарди, туку над 2 милијарди евра, рече Мицкоски.

Според Мицкоски скапа е и цената од 5,4 евра за метар квадратен од површинскиот ископ.

-  Првата обврска која ја превзема државата е обврската за исплата на аванс во рок од 45 дена од 50 милиони евра. 

Втората ставка како финансиска обврка  за сума која треба да му се исплати на изведувачот за подготовка на градилиште во 45дена чини 117 милиони евра.

167 милиони значи требаше да се исплатат до 22 април. Дали се платени овие пари немам информација.

Има точка за менаџирање на проектот за 3 милиони евра. Тоа се 172 милиони евра авансно плаќање до сега. Излегува дека треба да платиме 300 милиони евра со пеналите заедно а уште лопата не е фрлена, наведе Мицкоски.

А.К.

Слично

Поврзани вести