Мицкоски откри во каква здравствена состојба е неговиот син по труењето со храна на училиште
Во однос на труењето со храна кое деновиве се случи во училиштето „Димо Хаџи Димов“, премиерот Христијан Мицкоски рече дека неговиот син Антони бил во таа група.
„Имаме некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран, сакам да демантирам, беше во состојба во каква што беа и другите дечиња. Беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше на училиште“, рече Мицкоски.
Вели дека детето денеска е подобро и се надева дека од понеделник ќе продолжи да оди на настава.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Слично
