Мицкоски: Осуда за кукавичкиот обид за атентат над Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски утрово упати јавна осуда на чинот за обид за атентат над американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.
Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.
Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ“, порача Мицкоски.
Вчера по локално американско време при истрели на настан како дел од кампањата на поранешниот претседател на САД беше убиено едно лице од публиката, а застрелан беше и напаѓачот. Имаше и други тешко повредени лица.
Слично
