Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Oстанатите членови на Историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев

Мицкоски: Oстанатите членови на Историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев

Ако е вистина тоа дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, јас сум шокиран, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги повика сите членови на Историската комисија да поднесат оставки. 

„Повикувам не само тие политичари што вршат притисок, туку и останатите членови на Историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ѓорѓиев се повлече од работата на комисијата. 

„Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР“, вели меѓудругото во своето обраќање до јавноста професорот Ванчо Ѓорѓиев кој е член на мешовитата комисија со Бугарија, а кој соопшти дека ја напушта работата во Комисијата.

Од Владата и од МНР ги негираа овие тврдења. 

Не се усвоени никакви решенија и препораки на 15-та редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Состанокот се одржуваше вчера и денеска онлајн. 

Слично

Поврзани вести