Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Она што денес го зборува Захариева, Заев го има ветено, Милошоски ќе ја свика собраниската комисија за надворешни работи

Мицкоски: Она што денес го зборува Захариева, Заев го има ветено, Милошоски ќе ја свика собраниската комисија за надворешни работи

Антонио Милошоски следната недела ќе закаже седница на собраниската комисија за надворешни работи на која отворено ќе се разговара за македонските црвени линии

Сетоа ова што Бугарија го бара од земјава е ветено претходно од премиерот Зоран Заев, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, еден врвен бугарски политичар на еден од состаноците на Европската народна партија тоа му го потврдил на Мицкоски.

„Ми рече дека сето ова е ветено од страна на Заев и дека кога тој бил тогаш во опозиција ги убедувал дека најважно е тој да стане премиер, а за другото нема никаков проблем. Тогаш беа упатени многу критики до нас во ВМРО-ДПМНЕ дека ете не сме сакале да преговараме, но ние сме сè уште на истиот став дека таа тема не заслужува разговори и преговори. Бидејќи македонската нација и држава си имаат свои корени“, рече Мицкоски одговарајќи на прашања од граѓани во живо на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести