Мицкоски одржа средба со Касами и Меџити за полагањето на правосудниот испит на албански јазик
Денес премиерот Христијан Мицкоски одржал работна средба со копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, соопшти прес службата на Владата.
„Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината“, објавено е во соопштението.
Во истото се додава дека институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.
Слично
