Мицкоски oдговори дали ќе има предвремени избори
Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
„Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните. На ниту едно мерење, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека техничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабилна влада, дајте испоралчувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи“, рече Мицкоски.
Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело и демократски.
фото принтскрин
