Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски одбива лидерска кај Пендаровски, Кузеска бара да се договори сам со себе

Мицкоски одбива лидерска кај Пендаровски, Кузеска бара да се договори сам со себе

Христијан Мицкоски категорично одбива лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, а СДСМ му препорачува да се договори сам со себе што сака. Ќе има или не лидерска засега останува нејасно. Мицкоски денеска рече дека тој е за лидерска со лидерите на партиите од власта и од опозицијата на која ќе се разговара за Бугарија, но и за корона кризата за економската ситуација, но и како што вели за дебаклите на Владата.
„Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење, вклучувајќи ги сведочењето на реисот и доделувањето на мандатот на Зоран Заев, без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски. Средба кај Претседател кој е без свој став или следи став на еден политичар, не прифаќаме, вели Мицкоски. 
Додава дека е Заев одбивал лидерска средба, па го променил мислењето. 

„И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа, вели тој.

Богданка Кузеска портпаролката на СДСМ му порача да се договори сам со себе што сака.

„Соочен со нов пораз од граѓаните во Штип, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно недоследен во неговите барања и ставови и не знае што да каже, сведоци сме дека долго време нема воопшто изграден став за ниту едно клучно прашање, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

„Време е конечно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски да се договори сам со себе дали сака лидерска средба, каква лидерска средба сака и во која форма да биде таа“ посочи Кузеска.

Слично

Поврзани вести