Мицкоски од Вашингтон порача дека ќе ги смени судиите и обвинителите
Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон во своето излагање за трансатлантските односи на Западен Балкан во Европскиот центар при Атлантскиот совет порача и дека ќе ги смени судиите и обвинителите, затоа што „биле поставени од претходната власт“.
Мицкоски изрази очекување за унапредување на односите меѓу САД и Македонија со новата администрација во Вашингтон.
„Мислам дека во наредниот период ќе го зголемиме стратешкото партнерство. Можеби сме мали, но со големо геополитичко значење. Ние сме земја без излез на море, но сме во срцето на Балканот, природна раскрсница што поврзува или вкрстува два многу важни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8. Коридорот 8 е вториот најважен коридор за НАТО, кој го поврзува Црното море со Јадранското Море, практично пристаништето Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија“, изјави македонскиот премиер.
