Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОД ТУРЦИЈА: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави

МИЦКОСКИ ОД ТУРЦИЈА: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес, порача од Турција, македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој денеска е на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Декларацијата е потпишана при првата официјална посета на Мицкоски на Турција.

„Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји, а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите облaсти од заеднички интерeс на билатерално, регионално и глобално ниво“, изјави Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на декларацијата.

Мицкоски рече дека со Ердоган имале исклучително значајна и конструктивна средба, која, како што рече, е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји.

Ердоган се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот што ќе се одржи во Скопје. Најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје.

„Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика“, изјави Ердоган, посочувајќи дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.

Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој. 

Слично

Поврзани вести