Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски од Тиват: Задоволен од средбата со Мерц, вели дека процесот на проширување останува жив

Мицкоски од Тиват: Задоволен од средбата со Мерц, вели дека процесот на проширување останува жив

Премиерот Христијан Мицкоски, по билатералната средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Тиват, изјави дека е исклучително задоволен од разговорите и дека Европската Унија јасно покажува дека процесот на проширување останува активен. Тој посочи дека Владата ќе продолжи да работи на реформите и на европската агенда, но притоа, како што рече, нема да дозволи да се загуби националното достоинство.

„Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на оваа тема, го пренесовме нашиот став и нашето мислење, а подетално ќе разговараме за време на работниот дел од самитот, бидејќи ова се моменти кога Европската Унија и Европскиот совет јасно кажуваат дека процесот на проширување останува жив. Наша задача како Влада е да го зачуваме тој процес, да не го загрозиме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, да останеме држава која испорачува најмногу реформи, да бидеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уставните измени, кои ги прифати претходната влада, биле дел од разговорите, но оцени дека Македонија заслужува повеќе од, како што рече, решенија креирани од претходната влада.

Според него, голем дел од земјите членки на Европската Унија го разбираат ставот на Македонија.

Слично

Поврзани вести