Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОД ОАЕ: Го поканив претседателот да ја посети Македонија, а бизнис-заедницата да ги согледа можностите за инвестирање

МИЦКОСКИ ОД ОАЕ: Го поканив претседателот да ја посети Македонија, а бизнис-заедницата да ги согледа можностите за инвестирање

Премиерот Христијан Мицкоски, од денеска до четврток, заедно со тим од Владата и со тим од неговиот кабинет, е во билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) . Мицкоски очекува да има многу плодни и успешни средби, што ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете Македонија и ОАЕ.

„Денес, впрочем денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба, што ја имав со неговото височество, претседателот на ОАЕ. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада. Но, истовремено, го поканив неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис-заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму – нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка. Во деновите коишто следат, ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите – Дубаи, Абу Даби, Шарџа – како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија“, порача Мицкоски.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати, се сретна со Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

„Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори. Разговаравме за соработка во областа на транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделието и енергетиката“, информира Николоски..

Maкедонската делегација ја посети величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер. 


Слично

Поврзани вести