Мицкоски од Лидерскиот самит во Скопје: Западен Балкан повеќе не е чекална, туку регион што се развива
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан, посветен на европскиот План за раст, порача дека силата на регионот лежи во обединетоста, стабилноста и заедничката визија за интеграција во Европската Унија и додаде дека регионот повеќе не е „чекалница“.
- Нашата сила е во обединетоста – преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ, отворање нови пазари, работни места и пријателства, укинување на трговски бариери и зголемување на инвестициите“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека овој самит претставува можност за проценка на досегашниот напредок и дефинирање на наредните чекори, порача Мицкоски.
Тој додаде дека интеграцијата мора да се почувствува од граѓаните – во секојдневниот живот, во институциите и во деловното работење.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на воведното обраќање на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан за развојниот план, рече дека регионот од секогаш и бил драг, и дека сака да помогне Македонија да дојде до целта и да ги почне преговорите со ЕУ.
„Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг. Знам дека клучните реформи што ги бараме од вас не се едноставни. Тиа задираат закоравени структури на моќ, интереси и на многу начини бараат длабока општествена трансформација. Затоа вие лидерите сте потребни да ја водите оваа промена. Затоа што ве уверувам дека вреди. Бенефитот е многукратен, стабилност, безбедност, просперитет за сите граѓани“, рече Кос.
Албанскиот премиер Еди Рама, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Тој рече дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.
„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
