Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОД ЧАСОВИ ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕ - Кастриот Реџепи за него е современиот Амди Бајрам

МИЦКОСКИ ОД ЧАСОВИ ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕ - Кастриот Реџепи за него е современиот Амди Бајрам

По објавата на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, дека нема да присуствува на седницата за гласање доверба на Владата, со што опозицискиот блок остана без потребниот еден пратеник за рушење на владата, заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска побара едночасовна пауза.

Телевизија 21 успеале да го регистрираат доаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Собранието.

Од видеото кое го објави телевизијата може да се види дека тој е видно разочаран од повлекувањето на Кастриот Реџепи од гласањето на недоверба на Владата. За него Реџепи е современиот Амди Бајрам.

На прашањетоп што се случува, Мицкоски одговара „Еве гледате“. 

„Досега бев на часови на факултет, сега одам таму за од лице место ја дознаам вистината. 

На прашањето пак, дали ќе има замена за Кастриот Реџепи, тој одговори со контрапрашање - „За современиот, нека му е вечна земја, Амди Бајрам?“.

Слично

Поврзани вести