Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОД БУДИМПЕШТА: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

МИЦКОСКИ ОД БУДИМПЕШТА: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Будимпешта. 

„Доаѓам од Балканот, од држава којашто е во срцето на Балканот, со длабоки корени, но и со јасна визија за иднината. Доаѓам од место во кое вековите нè научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности со кои никогаш не смее да се прават компромиси. Живеејќи во времиња, кога лажните наративи се обидуваат да ги избришат или да ги релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука за да го потврдиме спротивното. Патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина. Прво и основно – Бог. Не како апстрактна идеја, туку како жив Творец кој нè повикува на вистина, правда и на милосрдие. „Благословени се оние кои се гладни и жедни за правда, бидејќи тие ќе се наситат”. (Матеј 5:6) Во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни: никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите, светите браќа Кирил и Методиј кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет. Второ – Татковината. Таа – нашата родна грутка – не е само некаков географски поим. Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи“, рече Мицкоски. 

Како трета вредност, го спомена семејството. 

Слично

Поврзани вести