Мицкоски очекува следно сценарио да биде негово апсење?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на Алфа ТВ изјави дека очекува следно сценарио, како што рече, да биде неговото апсење.
Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење.
„Мислам дека во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на лидерот на опозицијата и другите блиски соработници околу него. Ја користам приликата да апелирам до граѓаните и оние во раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат, да продолжат да се борат да не носат одлуки под емоција“ – рече Мицкоски.
Тој тврди дека е предмет на следење од страна на полициски службеници во Министерството за внатрешни работи.
Слично
