Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски оцени дека Хаќим Рамадани направил голема грешка, потегот го нарече себичен

Мицкоски оцени дека Хаќим Рамадани направил голема грешка, потегот го нарече себичен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, како голема грешка ја оцени изјавата на Хаќим Рамадани, кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Вреди.

Рамадани на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.

„Јас со жалење го слушнав сето она што противкандидатот на Јовица Илиевски го кажуваше во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка, пред сѐ за кандидатите од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Толку себичен потег од политичар досега во поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и за својот кусоглед, а притоа да ги занемари сите останати што се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, навистина е за жалење“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека зборувал и со голем број влијателни претставници на меѓународната заедница, кои исто така со големо жалење и со неверување гледаат на тоа дека некој во 21 век, може да користи таков речник.

Фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести