Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски обвинува за милионска афера, а УЈП бара да се воздржи од шпекулации

Мицкоски обвинува за милионска афера, а УЈП бара да се воздржи од шпекулации

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува за 20 милионска афера, а  Управата за јавни приходи (УЈП) бара да се воздржи од шпекулации поради отворена предистрага. 

Вели дека во аферата се вмешани високи функционери на СДСМ и ДУИ и раководни лица во УЈП. Објаснува дека инстант фирми креирале фиктивни фактури врз основа на кои барале поврат на ДДВ од државата а потоа, преку цесија истото ДДВ го пребивале со фирми кои и должеле данок на државата. 

Од УЈП велат дека е утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кое УЈП го детектираше уште во јули 2021 година. УЈП ги демантира тврдењата на опозицијата дека станува збор за некаква афера и испумпување на пари од државната каса.

„Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се преземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса“, се вели во соопштението.

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски шири шпекулации и измислува наводни афери со цел да го поктопа функционирањето на институциите.

Слично

Поврзани вести