Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОБВИНУВА: Експлозивната направа не е случаен пожар, туку јасна намера

МИЦКОСКИ ОБВИНУВА: Експлозивната направа не е случаен пожар, туку јасна намера

Утринава околу три часот во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и направена е само материјална штета и за среќа нема жртви, напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ова дело директно го обвини Социјалдемократскиот сојуз, наведувајќи дека не станува збор за  случаен пожар, туку за за јасна намера.

-Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост, истакнува Мицкоски.

Се уште нема приведени и се работи на целосно расветлувасње на случајот, но според информациите на МВР, веднаш по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот било забележано дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлосвки е носител на изборната единица два.


Слично

Поврзани вести