Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Обвинителот да провери дали Заев е Бошко Буха

Мицкоски: Обвинителот да провери дали Заев е Бошко Буха

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел на МТВ го повика обвинителството да испита дали и сега претседателот на СДСМ, Зоран Заев е Бошко Буха, како што и самиот се нарекувал во 2015 година.

„Ќе помине 15 јули и ќе поднесеме пријави. Но, колку што гледам, кривичната пријава која ја поднесе господинот Заев ги опфаќа сите, па може и јас да му се придружам и заедно со Бошко Буха да поднесеме една пријава против сите оние кои реемитуваат и емитуваат прислушувани разговори“, вели Мицкоски.

Заев, пак, на ова одговори дека и јавниот обвинител и судиите треба да постапуваат за секого во оваа држава. Тој кажа дека ова во минатото било невозможно. 

Слично

Поврзани вести