Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски обвини дека луѓе се бракаат од работа бидејќи зборуваат против власта

Мицкоски обвини дека луѓе се бракаат од работа бидејќи зборуваат против власта

Од работа се бркаат луѓе кои гласно зборуваат против мафијата на власт, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот организиран од партијата. 

Спомена примери за реваншизам и бара меѓународната заедница да реагира. 

„Денеска можете да сретнете татко на три деца кој останал без работа само затоа што одбил да излезе и да гласа за СДСМ на последните предвремени парламентарни избори. Самохрана мајка е оставена без единствените приходи и избркана од работа само затоа што одбила да биде дел од структурите на СДСМ и да земе членска книшка. Преместен на работно место од Скопје во Кичево на ископ на јаглен, за да сам си замине од работа затоа што гласно рекол дека Заев е криминалец. Го дале на дисциплинска одговорност само затоа што бил забележан во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ за изминативе избори“, вели Мицкоски.

Рече дека секој кој што е жртва на ваква ситуација може да се обрати до ВМРО-ДПМНЕ, која како партија на народот, ќе му помогне и одбрани.

Слично

Поврзани вести