Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mицкоски обвини дека камионите на Вице Заев возат за РЕК Битола

Mицкоски обвини дека камионите на Вице Заев возат за РЕК Битола

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска обвини дека камиони на братот на премиерот, Зоран Заев Вице Заев возат за РЕК Битола. 

Вели дека тука има сомнежи за криминал. 

Тврди дека криминал има и во највисоките структури на власта и повика обвинителството да го истражи овој случај. 

„Ова е случај каде треба да се вклучи  во сите аспекти јавното обвинителство на Македонија. Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за под изведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола која пак претхбодно добива огромен бизнис во четири очи. Од материјалот кој може да се види фирмата врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија“- потенцира Мицкоски.

Вели дека фирмата на братот на Заев добила и друг тендер кој тврди дека е сомнителен и дека работници се ангажирани во 4 очи. 

Слично

Поврзани вести