Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски објави: Подготвени сме за вонредни парламентарни избори

Мицкоски објави: Подготвени сме за вонредни парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека набргу може да има вонредни парламентарни избори во земјата. Ова тој децидно го најави на настанот на отворањето на реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода.

- За бргу од денес, веќе сме во втората половина од нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат помеѓу овие кои што ја ограбија, уништија и капитулираа Македонија или ние кои нудиме еден нов современ концепт што се темели на напрона работа и бескомпромисна битка со аргументи и став за националните интереси, рече Мицкоски.

Тој додаде дека опозицијата ќе им нуди на граѓаните единствено „свиткана кичма“ на следните парламентарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека неговата партија преферира редовни избори, но и дека подготвена е во секое време за вонредни.

Слично

Поврзани вести