Мицкоски објави: Конечно е завршена струмичката болница, кабелот е поврзан
Струмичката болница која е изградена уште во 2021, но четири гдоини не е пуштена во употреба поради фамозниот кабелски приклучок, наскоро ќе биде пуштена во функција, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Колку и да е парадоксално, кабелот беше причина што досега не проработи новиот дел на струмичката болница. Една од најсовремените болници во јавното здравство во Македонија не е во употреба иако изградбата беше завршена уште во 2021 година.
- Завршена е конечно Струмичката болница и таа ќе биде наскоро пуштена, а фалеше, замислете, енергетскиот кабел да се поврзе со трафостаница. Тоа требаше само да се направи. Зборуваме за неколку стотини метри, рече Мицкоски.
Досега објаснувањето беше дека изведувачот набавил алуминиумски, наместо бакарен кабел, поради што и дошло до недорасбирање со проектот за поврзување.
