Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО МИЗРАХИ: Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија!

МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО МИЗРАХИ:  Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска објави селфи со сега веќе разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на својата Фејсбук страница.

„Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка Македонија!, напиша Мицкоски. 

Мизрахи ноќеска е разрешена од позицијата технички министер за труд и социјална политика.

Премиерот Оливер Спасовски побара разрешување поради тоа што Мизрахи држеше прес-конференција пред пано на кое пишува Република Македонија, гест кој ги налути Грците. Мизрахи синоќа во обраќањето изјави дека не го прекршила Уставот, и дека за паното е виновна нејзината претходничка Мила Царовска, која не го сменила. 

Слично

Поврзани вести