Мицкоски објави дека Владата работи и во недела попладне: Домашните задачи треба да се исполнат
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска попладне во Владата имал состанок со повеќето од министрите со цел да се исполнат обврските од реформската агенда.
„На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите.
Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача“, објави Мицкоски.
Свикани се министрите Тимчо Муцунски, Александар Николоски, Орхан Муртезани, Сања Божиновска, Гордана Димитриеска Кочоска, Бесар Дурмиши и Стефан Андоновски за да ја разгледаат реформската агенда.
Слично
