Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски објави дека се врати од САД: Од аеродром директно во Влада

Мицкоски објави дека се врати од САД: Од аеродром директно во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека по неколкудневен престој во САД се вратил во Скопје и веднаш иницирал средба со министерката за финансии за пронаоѓање на модел како да се продолжи изградбата на новите болници во Штип и Кичево.
„Од Аеродром Петровец, во Владата на Илинденска.

Заедно со министрите за финансии, Гордана Кочовска Димитриевска и за здравство, Арбен Таравари, бараме модел за финансирање и функционирање на ветените Клиничка болница Штип и болницата во Кичево.

Работиме за остварување на ветеното. Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство“, напиша Мицкоски насоцијалните мрежи.
Претходно МНР објави дека тој на Самитот на НАТо во Вашингтон предводел официјална делегација од 21 член.

Слично

Поврзани вести