Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски објасни зошто клубот именуван по Никола Вапцаров не е провокација

Мицкоски објасни зошто клубот именуван по Никола Вапцаров не е провокација

Бугарија отвора клубови на фашистички соработници, Македонија промовира неспорен историски лик кој обединувал, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тој во интервју за А1он кажа дека во недела во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар кој што го носи името на историски лик кој што обединува, за разлика од имињата на бугарските клубови кои се именувани по докажани бугарски фашистички соработници.

„Не може Бугарија ова да го сфати како провокација бидејќи ние не отвораме културен македонски центар кој што има име на докажан фашистички соработник“, рече тој. 

Во недела ќе се отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Вапцаров е македонски поет роден во Банско. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.

Слично

Поврзани вести