Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ние одамна го поминавме италијанското, сега се движиме кон авганистанското сценарио

Мицкоски: Ние одамна го поминавме италијанското, сега се движиме кон авганистанското сценарио

Премиерот Зоран Заев вечерва во тв дуелот на Канал 5 телевизија изјави дека за трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната болница и загинаа 14 луѓе, сака да ги знае сите детали, и да донесе одлуки за оставките. 

Рече дека во услови на пандемијата, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, се справувале со сериозни предизвици. Заев рече дека кога ќе ги знае сите детали за случајот, ќе ја донесе конечната одлука. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека веднаш побарале оставки за да спасат човечки животи. 

„Тие таму отишле за здравје, а за жал ги вратија во поинаква состојба“, рече Мицкоски. 

Мицкоски додаде дека прво е потребна морална, а потоа и поинаква одговорност. 

„Претпоставувам дека ги слушавте криците од таа модуларна болница. Јас сум шокиран од изјавата на премиерот, кој рече дека таа работа била банална“; кажа Мицкоски. 

Заев кажа дека за ваквите објекти не се дава употребна дозвола, туку само се врши примопредавање. 

Мицкоски рече дека ние одамна сме го поминале италијанското, а сега одиме кон авганистанското сценарио затоа што се случи живи луѓе да горат. 

Слично

Поврзани вести