Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Нема назад, одиме до крај, а крајот е кога Заев ќе падне

Мицкоски: Нема назад, одиме до крај, а крајот е кога Заев ќе падне

Нема назад, одиме до крај, а крајот е кога Зоран Заев ќе падне, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на првиот антивладин протест. 

„Ќе ве поразиме жестоко на следните избори и ќе ви покажеме каде заслужувате да бидете – на буниште”, рече Мицкоски. 

Вели дека првиот чекор кон ослободување на државата, е власта да биде поразена на избори. 

Додаде дека секоја среда ќе го изразуваат својот револт. 

„Тој ќе биде изразен поинаку, со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме. Ветија ќе ја тегнат оградата а не ја тргнаа. Што е се плашите од народот?”, рече Мицкоски.

Вели дека сме национално понижени.  Тој ги наведе сите лоши економски политики на оваа власт. Мицкоски вели дека во Македонија се случуваат црнила и дека оваа власт мора да падне. 

Со извиците „оставка”, „криминалци”, „Македонија” и скандирања, ВМРО-ДПМНЕ попладнево се одржува протестниот марш на опозициската партија. Симпатизерите и поддржувачите на партијата тргнаа од пред партиското седиште и се упатија пред зградата на Владата. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска рече дека македонските граѓани го живеленајцрното владеењена најнеспособната влада во историјата на Македонија и затоа ги повика граѓаните на протест.

Антивладини протести ќе има и во другите градови. 

Слично

Поврзани вести