Мицкоски нема да оди на прославата на Рамковниот договор
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту претставници од неговата партија нема да присуствуваат на централната прослава на Рамковниот догов на 13 авгиуст во хотелот Александар Палас. Ова може да се заклучи од соопштението кое го лиферуваше опозициската партија во јавноста.
„Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели!, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од партијата.
Вчера беше одлучено да биде откажан големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор. Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе. Откажувањето следува по бурните реакции за одржувањето на прославите поради зголемувањето на бројот на заболени, а во време кога се носат мерки за заштита и нови ограничувања.
