Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата на Гаши, подобар е од Џафери

Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата на Гаши, подобар е од Џафери

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, кого изминатиот период го следеа неколку дискутабилни потези.

Според она што го одговори Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат поранешниот претседател на Алтернатива затоа што е подобра во својата работа од претходниот спикер Талат Џафери.

- Начинот на кој што ги води седниците е голема разлика во однос на неговиот претходник, рече Мицкоски пред медиумит.

На барање на партијата Левица, интерпелацијата за Гаши е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница, закажана за 3 септември

Дел од работите што му се префрлаат на Гаши се одржувањето групна верска молитва во помен на Сребреница во собранието, инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, како и неодамнешното патување со службено возило за приватни цели вон границите на државата.

Слично

Поврзани вести