Мицкоски нема да ја објави снимката од разговорот со родителите од Кочани
Прмиерот Христијан Мицкоски категорично ја отфрли идејата да се сподели со јавноста снимката од средбата со родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Ве молам, болката е преголема и сите се уште ја чувствуваме. Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“ – вака изјави премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали може да се објави целосната видео-снимка од состанокот со родителите од Кочани.
Во реакција на соопштението од петокот на Владата, од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани велат дека целиот разговор бил снимен од негова страна.
Слично
