Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски нема да го промени ставот за договорот дека е капитулација за земјата

Мицкоски нема да го промени ставот за договорот дека е капитулација за земјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше куса средба со премиерот Зоран Заев. 

„Немаше некои нови моменти кои што можевме еден на друг да си ги кажеме, така што ова е договор за капитулација“- вели Мицкоски. 

Кажа дека допрва ќе го разгледаат и ќе го коментираат идните денови. 

Мицкоски рече дека и партиските тела ќе ги разгледаат детаљите на овој договор, и ќе соберат мислење од повеќе институции. 

Вели дека некој си го приватизираше процесот, и дека мислењето против овој договор се зацврствува. 

Слично

Поврзани вести