MИЦКОСКИ: Нема да дозволам поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале како Влада е алармантно катаклизмична.
Мицкоски изјави дека има различни и поделени ставови во однос на замрзнување на цените и на маржите.
„Има различни и поделени ставови за замрзнување на цените, на маржите, замрзнување на дистрибутивните маржи итн, и прво кое што го направивме беше имплементирање на законот за нефер трговски практики. Но, кога направивме една анализа сфативме дека практично законот се однесува на период од една година. Така што вие ако сега започнал законот да се применува на 01.01.2025 година сега да почекате цела 2025 година да помине за да видете дали просекот на маржа на рабатот е 10 проценти. Тоа што значи? Тоа значи дека во јануари може да биде 20, во јуни да биде 3“, вели тој.
Мицкоски вели дека мора да биде објективен врз основа на сведоштвото на граѓаните, на лични сведоштва на дел од производителите, дистрибутерите и маркетите, заклучиле дека се служат со тикови.
„И тие трикови придонесоа одредени производи да се зголемат како резултат на овие кои што се намалија. А се зголемија оние производи кои се најшироко употребувани од граѓаните“, вели премиерот.
Мицкоски рече дека потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника, потенцирајќи дека мора широко да се гледа цела работа бидејќи и ова влегува во потрошувачката кошничка.
