Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката

Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката

Еве ајде, повторно, каква е тука состојбата треба граѓаните да знаат. Нема тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да си замине и сега тимот му вели темата ќе биде мигранти, еве таблоидите објавиле, мислејќи дека на тој начин ќе преживее, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашањето за мигрантите во Македонија.

„Бидејќи го спомна пролет. Оставам простор до пролет, Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, заедно со Андреј Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат еден мигрант кој е дел од овој договор. И ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, да ми се извинат на мене и на граѓаните што шират паника без потреба. Ова ќе важи бесконечно, додека сум претседател на Владата, но бидејќи тој ја спомна пролет, дека сме сакале избори, па не спореди со соседни земји, јас велам, нека земат тројцата, нека шетаат и ако најадат еден кој што е резултат на овој или било кој друг договор, подготвен сум трајно да ја напуштам политиката, ако не, нека се извинат“, рече Мицкоски. 

Вели дека додека тие зборуваат за милијарди, веќе 10 милијарди влегле во буџетот.

„И приходната и расходната страна на буџетот одат заедно. За да ви фалат во буџетот и да треба да покриете дупка, потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа се случува сето ова што зборувам“, вели Мицкоски.

Вели, нема да има мигранти, а буџетот е во одлична кондиција и инфлацијата е за 0,5 проценти помала во однос на минатата година.

Слично

Поврзани вести