МИЦКОСКИ НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА СЕ АПСЕЛ АЦА ЛУКАС: Премиерот проговори за инцидентот со српскиот пејач
Премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со српскиот пејач Аца Лукас, рече дека воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Истакна дека законите се јавни и најави строго и внимателно следење на таквиот тип естрадни уметници и нивните менаџери.
„Јас не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат. Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова.Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува и строго и внимателно ќе ги следиме однесувањето на ваквиот тип естрадни уметници и нивни менаџери“, рече Мицкоски.
Српскиот пејач Аца Лукас беше приведен во петокот во акција на МВР и уште неколку институции. Беше откриено дека Лукас настапувал без дозвола, а во локалот не се издавале фискални сметки и имало повеќе гости од дозволеното во локалот.
По апењето, Лукас рече дека апсењето било насочено лично против него и побара од власта извинување.
