„МИЦКОСКИ НЕ ВЕРУВА ДЕКА СМЕ СЕРИОЗНИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ“: Беџети му се обрати на премиерот
Блерим Беџети, од Европски фронт, бара предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локални наесен.
„Кога стравот се маскира како неверување.
Мицкоски „не верува“ дека сме сериозни за предвремени избори?
Тогаш ајде, утре да гласаме за предвремени избори.
Во октомври, заедно со локалните избори!
Но проблемот не е дека не ни верува.
Неговиот вистински проблем е стравот – стравот дека нема да може да го повтори резултатот од минатата година.
А има и уште еден поголем проблем:
Нивниот вазал, Вреди, по изборите останува со максимум 5 пратеници.
Зашто Албанците му ја имаат прочитано шемата на потценување, му ја имаат разбрано играта.
И овојпат ќе го казнат со најмоќното оружје што го имаат: нивниот глас.
Кога немаш ниту гласови, ниту визија, ниту резултати – ти останува само пропагандата.
Се гледаме на гласачките кутии – таму зборува народот!“, напиша тој.
Слично
