Mицкоски: Не треба да не се изигра волјата на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба денеска изјави дека по неколкучасовниот разговор за некои теми имале приближување на ставовите, за некои не.
Но, тој вели дека е оптимист, но нагласи дека Уставот и законите мора да се почитуваат.
„Доколку навистина се стремиме кон европските вредности така треба и да се однесуваме и да не се изигра волјата на граѓаните. Не треба да дозволиме јавноста да се манипулира и да го свртат вниманието од реалните проблеми“ – додаде Мицкоски.
Во однос на тоа дали амнестијата е дел од овие преговори, Мицкоски рече „не“ и оцени дека тоа е „груб обид за манипулација на јавноста“.
Најави дека вечерва ќе се одржат состаноци на партиските тела и со пратеничката група.
Лидерите ќе разговараат и во следните денови. Лидерска ќе има во недела. Премиерот Зоран Заев рече дека амнестија нема да има, ниту компромис за стратешките цели на Македонија како членство во НАТО и ЕУ.