Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ НЕ САКА ТАЈНИ СРЕДБИ: Ковачевски го кани во кафуле на улица „Македонија“

МИЦКОСКИ НЕ САКА ТАЈНИ СРЕДБИ: Ковачевски го кани во кафуле на улица „Македонија“

Нема датум за средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Станува збор за средба на која треба да се разговара за формирањето на техничката Влада. Мицкоски вели дека не се согласува на тајни средби.

Ковачевски вели дека никогаш не рекол дека тоа ќе бидат тајни средби. Тој кажа дека ќе го кани Мицкоски и на улица Македонија.

„Јас не гледам дека има потреба да имаме тајни средби, така што, кога ќе имаме средба таа ќе биде средба која што ќе се случи во јавен простор, дали во Клуб на пратеници, дали во Собрание, дали на улица „Македонија“ сеедно во некој кафиќ. Па ќе видиме кога ќе договориме, ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  е во редовна комуникација со заменичката претседателка на СДСМ“, порача  Ковачевски.

Со оглед на тоа што 2024 е изборна година веднаш по новогодишните празници политичарите ќе продолжат со подготовките за двојните избори.

Слично

Поврзани вести