Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски не открива детали за УСБ-то: Нека кажат прво Талат и Ахмети

Мицкоски не открива детали за УСБ-то: Нека кажат прво Талат и Ахмети

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во Брвеница, но не сакаше да открива детали за споменато УСБ и писмо, за кое тврди биле доказ дека СДСМ и ДУи го ангажирале поранешниот премиер Никола Груевски да внесува раздор во опозициската партија.

Зборувајќи за тоа дали има докази за функционирање на како што вели тој оската Ахмети, СДСМ и Груевски, тој синоќа како гостин на Алсат М спомена и материјали кои на УСБ ги добиле челниците на ДУИ.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи ти ги добиле два од трите документи“, рече Мицкоски.

Инаку вчера за ова тој спомена во телевизиското студио, каде што рече сознанието за ова УСБ и писмо било поттик за препукувањето со Груевски.

„Сигурно јас тој потег којшто го направив, не го направив затоа што ете така ми текнало, сигурно тоа се должи на една голема анализа, информации и многу докази коишто веќе неколку месеци пристигнуваат и до мене и до ВМРО ДПМНЕ. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои што ги добиваа на УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ, кои беа документите кои што беа дел од тие пликоа итн, можеби они подобро ќе ви одговорат“, наведе Мицкоски.


Слично

Поврзани вести