Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски не оди во Брисел на конференција на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ го испрати Николоски

Мицкоски не оди во Брисел на конференција на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ го испрати Николоски

ВМРО-ДПМНЕ го испраќа потпретседателот Александар Николоски во Брисел на конференција на демохристијанската ЕПП, најголемата политичка групација на сестрински партии по иста идеолошка основа во Европа. 

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ добило покана да присуствува и тоа е знак дека нема да има партиски санкции, наспроти тврдењата дека е можна изолација па дури и исклучување.

Сепак, се потврдија најавите дека нема да присуствува лидерот Христијан Мицкоски. Од македонската опозиција велат дека неговото отсуство не се должи на изолација, туку поради тоа што в понеделник претстои собраниска седница за уставни измени.

Од ВМРО – ДПМНЕ додаваат дека партијата секогаш била соодветно претставувана од партиски функционери на различно ниво, така што тенденциозно е присуството на потпретседателот Александар Николоски да се претставува како изолација на партијата или претседателот Христијан Мицкоски.

„За Претседателот Мицкоски приоритет е заштитата на македонските национални интереси и јасно изразената волја на граѓаните кои на одржаниот референдум одлучно се спротивставија на капитулантскиот договор и не дадоа поддршка на промена на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата“ стои во соопштението.



Слично

Поврзани вести