Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Не мрдаме од црвената линија и ние како Влада не можеме повеќе од ова да направиме

МИЦКОСКИ: Не мрдаме од црвената линија и ние како Влада не можеме повеќе од ова да направиме

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не мрдаат од црвената линија и како Влада не можат повеќе да направат, ниту ќе направат.

Тој ги коментира последните пораки од Брисел дека нема промени во преговарачката рамка.

„Лага е дека некогаш сме рекле дека бараме промени во преговарачката рамка, иако таа е катастрофална, најлоша, нема полоша. Никој немал таква преговарачка рамка, тоа е катастрофа. И не знам кој е тој што ќе даде гаранции дека ќе нема блокади со билатерални договори во преговарачка рамка, не знам кој е тој и како ќе ги даде. Единствената гаранција која ние ја даваме е претставена пред нашите стратешки партнери и тоа е максимум што може да направиме, бидејќи како народ и како држава направивме како што сите заедно не направиле. Нема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада не можеме повеќе од ова да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е тоа, тоа е нашата црвена линија“, рече Мицкоски.

Тој го повтори ставот дека Брисел има право да биде заложник на политичари од средниот век. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести