Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Не може да има резултати во борбата со криминалот со овој обвинител, институциите преземаат мерки

Мицкоски: Не може да има резултати во борбата со криминалот со овој обвинител, институциите преземаат мерки

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа дека може да се води борбата против криминалот и корупцијата со актуелното Обвинителство и државниот јавен обвинител. Според него, институциите имаат поднесено 100 до 200 пријави, но нема никаков резултат.

„Институциите преземаат мерки, доставуваат, но треба обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова обвинителство, со овој обвинител да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Можам да ги набројам можеби стотина, двесте пријави од страна на институциите кои се доставени до обвинителството, таму нема никаков резултат така што треба обвинителството да преземе, рече Мицкоски.

Тој вели дека иако институциите преземаат мерки, тоа со овие обвинители, со овој обвинител е залудно.

Слично

Поврзани вести