Мицкоски: Не ме интересира замрзнатиот имот во „Империја“, туку тој на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкопски, лидерот на ВМРО-ДПМНе при денешното отворање на кошаркарско игралиште во Бутел, рече дека единствено го интересира одмрзнувањето на имотот на најголемата опозициска партија, како одговор на барањето за коментар по одлуката на Обвинителството за организарн криминал и корупција да ги замрзне уделите на фирми поврзани со Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК, во предметот „Имеприја“.
- Тоа е судска одлука за замрзнување на имот на приватно лице. Јас повеќе би сакал да коментирам зошто се користи Обвинителството и судството четири години да го држат замрзнат имотот на најголемата политичка партија. Ние ниту можеме да располагаме, ниту да го оттуѓуваме имотот, а до скоро имавме блокирана сметка, изјави Мицкоски во Бутел.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека судската власт на тој начин работи по диктат на извршната предводена од СДСМ.
Вчера ОЈО за организиран криминал и корупција објави дека се замрзнува имот во сопственост на Мијалков, вклучувајќи ги неговите удели во хотелот „Мериот“ и неговата куќа.
