ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски не кажува: Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски

Мицкоски не кажува: Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски

Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски е закажана за утре. Тој е на тапет поради начинот на истрагата за пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање не кажа дали неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата.

- Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски, но јас сум политичар кој не ги менува ставовите преку ноќ, кратко изјави Мицкоски пред медиумите, без да толкува што би можело тоа да значи.

Коцевски писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмината пратеници на Левица, притоа обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што тој ја извршува.

Конкретно за трагедијата во „Пулс“, Коцевски тврди дека истрагата ги опфаќа сопствениците, обезбедувањето, одговорни лица во повеќе институции, па дури и високи полициски службеници.


ad
Слично

Поврзани вести