Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на Канал 5 изјави дека додека не покаже некој карактер нема да го ценат. 

„Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам“, изјави Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски вели дека членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи и тоа како што кажа го дозволи Европската унија.

„Јас немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани“,  нагласи Мицкоски.

На прашањата што доколку Вашингтон рече тоа е тоа, дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски рече дека нема да ги гласа. 

„Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам  додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства“, рече премиерот. 

Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да ги отвори преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести