Мицкоски: Не ги познавам тие со кои сум се фотографирал
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за прв пат се огласи во јавноста откако СДСМ објавуваше фотографии на лидерот заедно, како што тврдеа од владеачката партија, со уапсени наркодилери.
Лидерот на најголемата опозициска партија вели дека тој не ги направил фотографиите, ниту пак дека знаел со кој се фотографира.
„Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден.
Осудени се последователно неколку пати и тоа од ова нивно судство за ширење на лажни вести, клеветење и невистини“, реагираше денеска Мицкоски.
Слично
