Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса

МИЦКОСКИ: Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса

Премиерот Христијан Мицкоски можеби ќе појде во синдикатот во понеделник, но постави услов. 

За премиерот немало проблем да отиде во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), но не кажа дали е подготвен да го потпише колективниот договор за зголемување на работниците од 40 отсто.

„Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата“, рече Мицкоски. 

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов вчера го покани премиерот Мицкоски во понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти. 

Трендафилов најави блокади и генерален штрајк, а неделава имаше протест.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести