Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Не е пракса министри да одат кај претседател по изборот

Мицкоски: Не е пракса министри да одат кај претседател по изборот

ВМРО ДПМНЕ има сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на Зоран Заев и сето тоа ќе биде презентирано и изнесено пред јавноста, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Рече дека очекува министрите кои ги предложи во новата техничка влада да работат напорно и да бидат успешни. 

Прашан зошто двајцата и Наќе Чулев и Рашела Мизрахи не присуствувале на приемот кај претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека нема вообичаена пракса министрите да присуствуваат и дека претпоставува дека тие одлучиле да се посветат на екипирање на нивните кабинети.

Нема вообичаена пракса министрите после нивниот избор во рамки на Парламентот да одат на гости кај Пендаровски. Претпоставувам водени од таа невообичаена пракса тие одлучиле да се посветат на екипирање на нивните кабинети, правејќи план за нивните работни активности во периодот што следува во следните 100 дена – рече Мицкоски.

Прашан дали со формирањето на техничката Влада се исполнети сите услови за одржување на избори или остава простор за одложување на изборите, Мицкоски рече дека не остава простор овие избори да може да бидат одложении, но посочи дека фер и демократскиот процес ги загрозува институционалното насилие изминатите неколку недели во кои се носеле незаконски решенија за прераспределби, именување и систематизации.

– Ние сме се уште партија со блокиран имот. Нелегално и незаконски замрзнат имот, што практично не е на располагање да можеме како политичка партија да функционираме и обезбедиме начин да отидеме на избори. Но, и вака како што сме, многу сме повеќе мотивирани и сакаме да го оставиме срцето на терен, затоа што знаеме дека овојпат главниот влог е Македонија. Ќе ги поразиме, а потоа ќе видите што значи фер и вистинско демократско општество, а не општество со лажливи и корумпирани криминални вредности – изјави Мицкоски.

Мицкоски на пресот зборуваше за економските проблеми во државата и лошите како што ги нарекува резултати на Заев.


Слично

Поврзани вести